Дома Фудбал Нов срамен потег на Роналдо: Вакво нешто не се гледа секој ден (Видео)

Нов срамен потег на Роналдо: Вакво нешто не се гледа секој ден (Видео)

Фудбалерите на Ал Наср го загубија финалето на Азиската лига на шампиони 2, каде што подобар од нив беше Гамба Осака, кој го освои трофејот. Кристијано Роналдо беше трагичар на натпреварот, бидејќи пропушти две големи шанси, а на крајот славеше тимот од Јапонија со 1:0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ал Наср имаше предност затоа што играа во Ријад, беа и големи фаворити според обложувалниците, но повторно не успеаја да дојдат до трофејот. Така, Роналдо и 14. пат остана без трофеј во исто толку натпреварувања во кои има играно со Ал Наср.

По натпреварот, Роналдо не покажа професионалност, бидејќи бесно отиде во соблекувалната веднаш по завршувањето на натпреварот и не се врати за доделување на трофеите.

Колку и да некои се обидуваат да го покажат тоа како позитивен пример, како некои од најпопуларните Инстаграм страници, ова е нова тешка срамота за еден од најдобрите играчи на сите времиња, кој мора да научи да се справува и со поразите.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус загуби од Фиорентина и само ќе сонува за ЛШ!

Екипата на Јувентус претрпе тежок пораз со 0:2 од Фиорентина во натпревар од 37-то коло на…