
Сенегалскиот борец Омар Кејн (Реуг Реуг) го загуби појасот на првак во тешка категорија во организацијата ONE. Во Бангкок, во четвртата рунда беше тешко нокаутиран од Русинот Анатоли Малихин. По нокаутот, започна вистинска тепачка помеѓу двата тима.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кејн не ја издржа серијата на удари. Малихин го погоди точно во брадата, Реуг Реуг падна на подот, а рускиот борец го удри уште двапати со нога додека беше на подот.
Судијата го прекина мечот, но борбата продолжи помеѓу двата тима. Не задоволни со она што го видоа и славјето на противникот, тимот на сенегалскиот борец започна пресметка во рингот. Започна вистинска тепачка.
Погледнете го прекинувањето на мечот во Бангкок и хаосот во рингот.
Reug Reug претпри тежок пораз со голем КО, се случи општа тепачка 👀👀pic.twitter.com/Dj57GYyQ3j
— BOXEMAG (@BoxeMag_com) May 15, 2026