Дома Фудбал Флорентино Перез: „Имам повеќе европски титули од Барселона во нејзината историја“

Флорентино Перез: „Имам повеќе европски титули од Барселона во нејзината историја“

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, се обрати во емисијата „Ел Чирингито“ откако распиша избори во клубот и одговори на бројни критики кои во последно време му се упатуваат.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Перез ги отфрли обвинувањата дека е уморен и дека размислува за повлекување, истакнувајќи дека сака да продолжи да го води Реал Мадрид и да освојува нови трофеи.

„Во мојата кариера освоив повеќе европски титули отколку што Барселона има во својата историја. Но, ни тоа не е доволно за некои“, рече Перез.

Тој нагласи дека се води организирана кампања против него и клубот, и дека медиумите создале „непријателска атмосфера“. Перез исто така издвои дека Реал Мадрид останува финансиски стабилен без оглед на критиките.

Говореше и за сезоната без поголеми трофеи, но потсети дека клубот го освои Европскиот суперкуп и Светското клупско првенство.

Без воздршка потсети и на некои од најголемите засилувања што ги донесе во клубот, што во негово време, Реал Мадрид донесе ѕвезди како Фиго, Кака, Бекам и како што тој рече, „дебелиот“ Роналдо.

Перез се осврна и на случајот со Негрејра, велејќи дека е „најголем корупциски скандал во светот на фудбалот“ и додаде дека Реал Мадрид е единствениот клуб кој покрена правен процес против Барселона.

Претседателот на Реал се осврна и на Килијан Мбапе, кажувајќи дека Французинот постигнува голови, но дека екипата и понатаму има простор за напредок. Исто така, најави нови засилувања во текот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кога Винисиус ќе слушне што рече Перез веднаш ќе ги спакува куферите и ќе си замине

Претседателот на Реал Мадрид рече нешто што не треба и тоа сигурно ќе го натера Винисиус Ж…