Дома Фудбал Скршен од болка: Погледнете ја реакцијата на Роналдо откако беше откажано шампионското славје на Ал-Наср (Видео)

Скршен од болка: Погледнете ја реакцијата на Роналдо откако беше откажано шампионското славје на Ал-Наср (Видео)

Играчите на Ал-Наср вчера вечерта имаа можност со победа над Ал-Хилал да станат шампиони на Саудиска Арабија, но тоа не го постигнаа.

Овие два тима во големото дерби одиграа нерешено 1:1, стрелци беа Симаќан и Бенто (автогол), и така беше одложено славјето на Ал-Наср.

Така шансата за првиот трофеј, барем засега, ја пропушти Кристијано Роналдо, еден од најголемите фудбалери во историјата, а неговата реакција по последниот свиреж беше особено интересна.

Режисерот на преносот веднаш по завршувањето на натпреварот го постави Роналдо во прв план, а тој седеше на клупата и разочарано гледаше во празно. Реакцијата брзо стана вирална.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кина ја тргна Ла Лига од екраните: Извинувањата на Мбапе и Реал засега без ефект

Кинеската државна телевизија не емитуваше натпревари од шпанското првенство, а од дигиталн…