Дома Фудбал Хаос по мечот Ц. Звезда – Нови Пазар: Се запали автобусот на гостинските навивачи – ужасно! (ВИДЕО)

Хаос по мечот Ц. Звезда – Нови Пазар: Се запали автобусот на гостинските навивачи – ужасно! (ВИДЕО)

Хаотични сцени видовме на патот по натпреварот помеѓу Црвена звезда и Нови Пазар (1:2) во рамките на 35. коло на Суперлигата на Србија, бидејќи автобусот кој ги превезуваше гостите навивачи од стадионот „Рајко Митиќ“ назад дома, се запали!

Како што истакнува порталот „Индекс Онлајн“, причината за пожарот засега не е позната, а на друштвената мрежа „Инстаграм“ објавија и снимка на која се гледа како гори внатрешноста на автобусот.

Нема информации за евентуално повредени личности. Познато е дека на стадионот на Црвена звезда во Белград се наоѓаа навивачи од групите Екстреми и Торцида од Нови Пазар.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Војна од невидени размери во Шпанија: Претседателот на Ла Лига остро му одговори на Реал Мадрид

Конфликтот помеѓу Реал Мадрид и челниците на Ла Лига Хавиер Тебас доби ново поглавје. Нико…