Дома Фудбал Вардар го реши Силекс, но за шампионско славје ќе почека!

Вардар го реши Силекс, но за шампионско славје ќе почека!

Фудбалерите на Вардар стигнаа до важна победа од 2-1 против Силекс и се наоѓаат на само чекор до освојување на титулата во Првата македонска фудбалска лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Домаќините го отворија натпреварот на најдобар можен начин – Стефан Цветковиќ уште во третата минута ја погоди мрежата на кратовчани за рано водство од 1-0. Пред крајот на првото полувреме, Вардар ја зголеми предноста преку Горан Закариќ, кој беше прецизен од белата точка за 2-0.

Силекс возврати веднаш на стартот од вториот дел, кога Едис Бутуровиќ го намали резултатот и внесе неизвесност во завршницата од мечот.

И покрај притисокот на гостите во продолжението, Вардар успеа да ја задржи предноста и да ги освои трите бода со конечни 2-1, останувајќи во пол позиција во трката за шампионската титула.

Во преостанатите два натпревари денеска Шкендија со триумфот од 3-1 над Струга ги задржа теоретските шанси за да го симне Вардар од врвот до крајот на сезоната, додека Пелистер ја наполни мрежата на веќе испаднатиот Шкупи со победа од 7-0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Босанецот Алајбеговиќ постигна спектакуларен гол против Катар (Видео)

Фудбалската репрезентација на БиХ игра важен натпревар во Сиетл за влез во нокаут фазата н…