Дома Фудбал Ова не можеа да го направат ниту Роналдо ниту Меси: Ѕвезда на ПСЖ собори рекорд во ЛШ!

Ова не можеа да го направат ниту Роналдо ниту Меси: Ѕвезда на ПСЖ собори рекорд во ЛШ!

Во финалето на Лигата на шампионите ќе ги гледаме ПСЖ и Арсенал. Парижаните успеаја да го победат Баерн Минхен во двомеч со вкупен резултат 6:5, додека Арсенал беше вкупно 2:1 подобар од Атлетико Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од играчите за кој се зборува со право е и Квича Кварацхелија.

Момчето од Грузија го изедначи овосезонскиот рекорд на Килијан Мбапе кој има 16 асистенции+голови во сезона во Лигата на шампионите, стигна до 10 гола и 6 асистенции што е за секоја пофалба, но тоа не е се.

Кварацхелија стана и првиот фудбалер во историјата на ова натпреварување кој на седум последователни натпревари постигнал гол или асистенција во елиминационата фаза од Лигата на шампионите, нешто што дури ни Роналдо или Меси не успеале.

Финалето меѓу ПСЖ и Арсенал е закажано за 30 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гранит Џака на 33 години прави шокантен трансфер

Гранит Џака зад себе има одлична сезона во Сандерленд, а игра и одлично на Светското првен…