Дома Фудбал Анчелоти ова нема да го прости: Нејмар си „пресуди“ со овој потег (Видео)

Анчелоти ова нема да го прости: Нејмар си „пресуди“ со овој потег (Видео)

Целиот фудбалски свет брои до средината на мај кога селекторот на најтрофејната репрезентација во светот Карло Анчелоти ќе го објави списокот на патниците за претстојниот Мундијал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако трофејниот италијански стратег веќе ги дефинираше имињата на играчите кои ќе ги претставуваат “кариоките” на светското натпреварување, целиот фудбалски свет гледа кон Нејмар, поставувајќи го прашањето дали ѕвездата на Сантос ќе биде меѓу повиканите.

За разлика од Мундијалите во Бразил, Русија и Катар, еден од најголемите мајстори во историјата на фудбалот повеќе не е сигурен патник, а откако Анчелоти го изостави за натпреварите во март, повтори дека ќе го повика само ако биде во ТОП форма.

Судејќи според синоќешната гостувачка игра на Сантос во Парагвај против Реколета во четвртото коло од групната фаза на Купот Судамерикана, Анчелоти е поблиску до одлука да го остави Нејмар дома, отколку да го повика.

Сантос ни по четири кола во второто по квалитет меѓународно натпреварување во Јужна Америка не знае за победа, а голот на Нејмар за водство во 41. минута падна во втор план поради промашувањето во завршницата на мечот.

Neymar jr misses a complete sitter
by u/NegoDrumma in soccer
.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Култната „Ла Бомбонера“ повеќе нема да биде иста: Се гради чудо од стадион! (Видео)

Специфичниот изглед на култниот стадион „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес е нешто што нема ни…