
Нереално сценарио се подготвува во англиската Премиер лига, такво што еден тим не смее да оствари победа ако сака да оди во Лигата на шампионите!
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во последното коло, кога можеби ќе се води последната битка на сите фронтови, Брентфорд ќе го пречека Ливерпул.
Секако, спортот е таков – победата е цел и желба на секој поединец или колектив, но во случајот на Брентфорд можеби победата би била самоубиство. Да, возможно е, се наѕира и таква можност.
Во моментот, Ливерпул со 58 поена е четврти на табелата, изедначен со петтопласираната Астон Вила. Брентфорд е седми со 51 поен, една позиција под шестопласираниот Борнмут. Меѓутоа, ако резултатите во наредните две кола се поклопат, би можело да се случи Брентфорд пред последното коло да се најде во неверојатна ситуација.
Постои сценарио во кое Брентфорд МОРА да изгуби ако сака во Лигата на шампионите. И зошто е тоа така?
Англичаните веќе добија петто место во Лигата на шампионите, откако две такви добиваат земјите што во претходната сезона освоија најмногу УЕФА коефициентни поени.
Понатаму, ако Астон Вила ја освои Лига Европа и биде петта на табелата на Премиер лигата, тогаш и шестопласираниот тим од првенството би играл во Лигата на шампионите.
Во таков случај на Брентфорд би му било потребно Ливерпул да биде четврти или подобар и Пчелите од шестото место да заминат во европската елита.