Дома Фудбал Mурињо може да води нов клуб во Премиер лигата!

Mурињо може да води нов клуб во Премиер лигата!

Во овој период со многу нагаѓања за новиот тренер на Њукасл и иднината на Еди Хау, англиската фудбалска легенда Крис Ведл ја анализира дилемата со која се соочува секој клуб размислувајќи за ангажирање на “Посебниот“: дали да се фокусираат на освојување на трофеи или на атрактивен фудбал. Ведл за Goal објасни дека, иако Мурињо се гордее со импресивна колекција на титули, понекогаш се говори дека неговиот стил на фудбал може да биде “здодевен”.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Португалскиот стратег, кој во својата кариера има oсвоени повеќекратни шампионски титули во Англија и Лига на шампионите, го смета победувањето како нешто најважно. Според него, не е битно како се стигнува до победата, зошто во фудбалот успешноста се мери преку резултати и трофеи.

Мурињо е познат за неговите лидерски вештини и способноста да создава менталитет на “ние против сите“, а неговата харизма на аут-линијата и прес-конференциите го прави еден од најинтересните тренери во историјата.

Навраќајќи се на Њукасл, клубот минатата година ја освои својата прва домашна титула после 70 години, триумфирајќи во Карабао купот, и од последните три сезони, две ги помина во европските натпревари. Сепак, оваа сезона Њукасл е паднат во долниот дел на табелата во Премиер лигата, што го зголеми притисокот врз тренерот Хау и ги поттикна шпекулациите за враќањето на Мурињо во Англија, токму на Сент Џејмс’ Парк.

На прашањето дали стилот на фудбал на Мурињо претставува премногу ризик за Њукасл, бившиот играч Крис Ведл беше јасен. “Не би рекол дека Мурињо е лош тренер, скоро сè што можеше да освои, го има. Сега е во Бенфика, и да бидеме реални, таму обично една од трите екипи е во врвот. Се спомнува и негово враќање во Реал Мадрид”, рече Ведл.

“Мислам дека луѓето ќе толерираат стил ако се победува. Но, во Њукасл прво сакаат победа и забава. Да бидеме искрени, Жозе Мурињо не е повеќе тренер кој нуди забава“, додаде тој. “Сè е во резултатите, таков е бизнисот.”

Ако Њукасл заврши меѓу првите четири и остане во битка за куповите, ќе биде прифатен. Ќе велат дека е одличен. Ако не се случи тоа, ќе го одбијат неговиот стил на фудбал – ќе бидат незадоволни, ќе му замеруваат дека е здодевно, тоа ќе го дочека.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тиквеш ќе биде казнет, ФФМ отвори постапка

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржала седница на која биле донесени одлуки …