Дома Фудбал Ливерпул претера со цените, Барса задоволно ги „трие рацете“: Договорот од 80 милиони е подготвен!

Ливерпул претера со цените, Барса задоволно ги „трие рацете“: Договорот од 80 милиони е подготвен!

Ливерпул дефинитивно претера со сумите што ги издвојува за засилувања и последните неколку трансфери никако не им се исплатиле. Сега се подготвени за уште еден неверојатен трансфер и ќе платат 80 милиони евра на тимот на Барселона за трансферот на репрезентативецот на Франција, Жил Кунде.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ливерпул само во тековната сезона ги направи трите најголеми трансфери во историјата на клубот. Апсолутниот рекорд е доведувањето на Александер Исак од Њукасл за 145 милиони евра, Флориан Вирц беше платен на Баер од Леверкузен 125 милиони, а Хуго Екитике на Ајнтрахт 95 милиони евра.

Секако, промашување беше и Дарвин Нуњез кој во 2022 година беше платен 85 милиони евра, но, се разбира, тука се и некои многу добри примери како што е Доминик Собослаи кој игра фантастично, а беше платен 70 милиони евра.

Плановите на „црвените“ за следното лето веќе започнаа. Веќе е договорен стоперот на Рен, Жереми Жаке во трансфер вреден 63 милиони евра, а наскоро би можел да се случи и трансфер вреден дури 80 милиони.

Таа сума тимот од Енфилд е подготвен да ја понуди на Барселона за францускиот дефанзивец Жил Кунде. Тешко е да се верува дека шпанскиот шампион ќе ја одбие оваа сума.

Кунде е добар играч, но не е некој без кого Барселона не може. Сумата од 80 милиони евра би им дојде добро на каталонскиот гигант кој планира неколку засилувања и нема да биде никакво изненадување ако кажат ‘да’.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул влезе во трката за најбараниот стопер во Премиер лигата

Кој и да има потреба од стопер, тој погледна кон Борнмут каде што игра Маркос Сенеси. Арге…