Дома Фудбал Се пласираа само во плеј-оф, а славеа како веќе да се во Премиер лигата (Видео)

Се пласираа само во плеј-оф, а славеа како веќе да се во Премиер лигата (Видео)

Фудбалерите на Хал успеаја да го обезбедат своето место во плејофот на Чемпионшипот, каде што ќе се борат за влез во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хал на домашен терен го совлада Норич со 2:1 и се најде на шестата позиција на табелата. Сепак, по победата, навивачите на Хал навлегоа на теренот, оставајќи впечаток како да слават директен влез во елитата.

Но, за вистинскиот успех, им претстои уште една битка. Потребно е да триумфираат во полуфиналето, а потоа и во финалето за да се вратат меѓу најдобрите. Во полуфиналето ќе играат против Милвол, кој до денес беше во игра за директна промоција, додека во другиот полуфинален пар ќе се соочат Саутхемптон и Мидлзбро.

Ковентри и Ипсвич обезбедија директен пласман во Премиер лигата оваа сезона од Чемпионшипот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…