Дома Фудбал Фудбалска легенда без милост: Доста ни е од крила што не дриблаат и тимови што само се бранат!

Фудбалска легенда без милост: Доста ни е од крила што не дриблаат и тимови што само се бранат!

Легендарниот Тјери Анри уште еднаш покажа дека нема влакна на јазикот. Откако фудбалскиот свет остана без здив гледајќи го голеадот на ПСЖ и Баерн (5:4), дуелот меѓу Атлетико и Арсенал (1:1) изгледаше како ладен туш.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако статистиката покажа 29 удари во Мадрид наспрема 22 во Париз, впечатокот беше неспоредлив. Анри, кој за CBS Sports ги анализираше овие натпревари, сликовито ја опиша разликата: „Во вторник, поради ПСЖ и Баерн, бевме на Месечината. Денес се вративме на планета Земја“, изјави поранешниот напаѓач на Барселона и Арсенал.

Анри истакна дека секој има право на свој стил, но не го криеше она што му е подраго да го гледа.

„Во Париз гледавме тотален фудбал, а во Мадрид… едноставно фудбал. Знаеме што претставуваат Атлетико и како играат, а за Арсенал ваквата дефанзивна игра на гостински терен е веќе стара стратегија. Го видовме токму тоа што и го очекувавме – натпревар без многу вистински шанси каде головите паднаа исклучиво од пенал.“

„Напаѓачката игра беше спектакуларна, натпреварот беше сосема луд! Воопшто не ме интересира што одбраните не беа на висина на задача. Благодарност до Луис Енрике и Винсент Компани за ризикот што го преземаа. Доста ни е од крила што не дриблаат и тимови што размислуваат само како да не изгубат. Во Париз видовме екипи што сакаат да победат!“ заклучи легендарниот Французин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен ден на „Олд Трафорд“: Детето на Јунајтед потпиша до 2031!

Талентираниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Мајну (21), ја продолжи соработка…