Дома Фудбал Дибала заминува од Рома: На чекор е од голем трансфер!

Дибала заминува од Рома: На чекор е од голем трансфер!

Се чини дека се доближува крајот на соработката помеѓу Пауло Дибала и Рома, со оглед на тоа што неговиот договор истекува во летниот период.

Еден од најтехнички надарените фудбалери во последната деценија во италијанската Серија А одлучил својата кариера да ја продолжи во Бока Јуниорс, според аргентинските медиуми.

Познатиот „ЕСПН“ исто така ја потврди оваа информација, навестувајќи дека Дибала постигнал договор со аргентинскиот гигант.

Во актуелната сезона, Дибала забележа три гола и четири асистенции во 23 натпревари за Рома.

Во досегашната кариера, тој настапуваше за Институт, Палермо, Јувентус, а од 2022 година е дел од Рома.

Со Јувентус освои пет Скудета, четири Купа на Италија, играше и во финалето на Лигата на шампионите, а со репрезентацијата на Аргентина триумфираше на Светското првенство во 2022 година.

Освен тоа, четири пати беше дел од најдобриот тим на Серија А во текот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Конте може да заврши во Истанбул!

Фенербахче активно бара нов тренер, а еден од водечките кандидати за улогата на главен стр…