Дома Фудбал Проблеми за Атлетико: Два клучни играчи се повредија против Арсенал и под знак прашалник се за реваншот

Проблеми за Атлетико: Два клучни играчи се повредија против Арсенал и под знак прашалник се за реваншот

Нови големи проблеми со повреди за Атлетико Мадрид. Покрај отсуството од Пабло Бариос и Нико Гонзалез пред првото полуфинале од Лигата на шампионите против Арсенал, за време на самиот натпревар, поради повреди мораа да го напуштат теренот и Хулијан Алварез и Симеоне. Нивниот настап во реваншот, за шест дена, сега е под голем знак прашалник.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Хулијан Алварез мораше да побара измена кога противничкиот играч Езе незгодно падна врз неговото колено и зглоб. Аргентинецот беше заменет со Баена. Од друга страна, Џулијано Симеоне беше заменет на полувреме. На неговото место влезе Ле Норманд, кој започна да се загрева уште во првиот дел, што укажува дека проблемите дошле порано бидејќи покажуваше знаци на повреда уште во првите 45 минути.

Тренерот Диего Симеоне, поради исклучително тешката сезона, во која неговиот тим стигна до финалето на Купот на кралот и полуфиналето на Лигата на шампионите, воведува чести ротации во првенството за да го регулира времето на играчите.

Сепак, списокот на повредени се зголемува. За реваншот во Лондон, кој се игра за само шест дена, Симеоне сигурно нема да може да смета на Бариос, Нико Гонзалез и Хименез, а сега под знак прашалник се и Алварез и Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дибала заминува од Рома: На чекор е од голем трансфер!

Се чини дека се доближува крајот на соработката помеѓу Пауло Дибала и Рома, со оглед на то…