Дома Фудбал Kварацхелија е чудо: Во Париз направи нешто што не им успеало ни на Нејмар, ни на Ибрахимовиќ

Kварацхелија е чудо: Во Париз направи нешто што не им успеало ни на Нејмар, ни на Ибрахимовиќ

ПСЖ во текот на годините беше дом на некои од најголемите фудбалски ѕвезди на светот, како Златан Ибрахимовиќ, Нејмар, Единсон Кавани… Но, она што оваа сезона го постигнува Хвича Кварацхелија открива нова димензија за парискиот тим.

Грузискиот напаѓач поставува нови рекорди во Лигата на шампионите во овој дрес. Со вкупно 15 директни учества при постигнување голови (десет гола и пет асистенции), тој стана играчot кој најмногу придонел во едена сезона на ова престижно натпреварување во историјата на клубот.

Така Кварацхелија ги надмина големите имиња кои го носеа дресот на ПСЖ. Ниту Ибрахимовиќ во своите најдобри сезони, ниту Нејмар во годините на доминација, не успеаја да достигнат такви бројки во една сезона на Лигата на шампионите.

Во групата со Кавани, Мбапе и многу други офанзивни великани, Кварацхелија се издвои како најпродуктивниот играч на ПСЖ во една европска сзона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе избра двата тинејџери кои ги смета за идни освојувачи на „Златната топка“

Килијан Мбапе повторно се најде во центарот на вниманието по интервјуто за L’Equipe,…