
Паметен натпревар вчеравечер одиграа ПСЖ и Бајерн во полуфиналето од Лигата на шампионите во кој видовме дури девет гола. По натпреварот пред камерите застана Витиња на кого телефонот не престануваше да ѕвони, а тој ни објасни што се случува.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Откако натпреварот заврши, неколку играчи од двата тима дадоа изјави, а пред камерите се појави и португалскиот играч во средината Витиња. Но, интересна ситуација се случи додека вршеше изјава за ПСЖ.
Работата е што телефонот на Витиња не престануваше да ѕвони додека се обидуваше да даде осврт на спектакуларниот дуел на ПСЖ и Бајерн.
Португалецот одредено време го игнорираше тоа, а потоа го зеде телефонот и пред новинарите откри кој го повикува толку упорно.
„Извинете, извинете. Сопругата ми се јавува. Можеби застанав овде подолго отколку што требаше,” низ насмевка рече Витиња.
.🚨 During the post match interview last night, Vitinha’s phone kept ringing, and he checked to see who called.
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) April 29, 2026
🚨🗣️ Vitinha: “Sorry, sorry. My wife is calling me. I think I’m taking too long here.” pic.twitter.com/ZLgkT02HHO