Дома Фудбал Полошо е отколку што се мислеше: Јамал ќе пропушти натпревари од Мундијалот!

Полошо е отколку што се мислеше: Јамал ќе пропушти натпревари од Мундијалот!

Шпанската фудбалска сензација Ламин Јамал нема да настапи во првите два меча од Светското првенство, соопшти каталонскиот Спорт.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Јамал се повреди неодамна за време на натпреварот на Барселона против Селта од Виго, кога претрпе повреда на мускулот на ногата, а сега изгледа дека состојбата е посериозна од првичните проценки.

Во изјава од Барселона е објавено дека Јамал ќе ги пропушти преостанатите шест натпревари во Ла Лига и дека тимот може да ја задржи предноста пред Реал и без неговата помош за да ја освојат титулата прваци. Но, Јамал исто така нема да биде во составот за првите два меча на Шпанија на мундијалот.

Тој ќе отсуствува од дуелите против Зеленортските Острови и Саудиска Арабија, каде Фуријата се смета за огромен фаворит и не се очекува да има тешкотии да ги започне натпреварите со две победи.

Во Барселона се смета дека Јамал не треба да брза со опоравувањето, а медицинскиот тим на каталонскиот клуб изразува загриженост дека враќање на теренот премногу рано би можело да ја влоши повредата кај 18-годишниот играч.

Проценките се дека опоравувањето од истегнување на бутниот мускул трае околу четири до шест недели. Со ваков временски распоред, Јамал потенцијално би можел да биде подготвен за третата групна фаза, против Уругвај, која е закажана на 27 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез против сите: Го сака Мурињо повторно во Мадрид, операцијата започнала!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го гледа португалскиот тренер Жозе Мурињо …