
Реал Мадрид ги разочара своите навивачи за викендот бидејќи во гостувањето кај Бетис освои само еден бод и изгледа дека остана без шанси за освојување на титулата во Шпанија. Но, сето тоа падна во втор план поради вестите за Килијан Мбапе.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По испаѓањето од Лигата на шампионите, за екипата на Реал Мадрид остана единствена шанса да дојде до трофејот во Ла Лига, но изгледа дека и тоа сега е невозможна мисија по киксот во Севиља.
Реал одиграл 1:1 против Бетис, а Барселона го искористила тоа и ја зголемила предноста на 11 поени, и сите шанси се дека ова ќе биде втора година по ред кога Кралевите нема да освојат ниту еден трофеј.
Навивачите на Реал се многу незадоволни поради сето што се случува, но сето тоа некако паднало во втор план поради Килијан Мбапе.
Французинот се врати на теренот неодамна, но во финишот на натпреварот против Бетис побарал замена и се појавила информација дека Мбапе има повторно проблеми со коленото што го мачи веќе неколку месеци.
Мбапе вчера направил детални прегледи кои покажале дека станува збор за полесна повреда, но изгледа дека во Реал не сакаат повеќе да ризикуваат.
Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Мбапе веројатно нема да игра за Реал до крајот на оваа сезона, што е голем удар за екипата на Алваро Арбелоа, особено бидејќи на 10 мај ги очекува Ел Класико против Барселона.
Сепак, Мбапе е тој што не сака да форсира ништо, бидејќи му е многу важно да биде подготвен за Светското првенство.
Вестите од Мадрид многу ја загрижија јавноста во Франција и многумина се прашуваат во каква состојба е коленото на напаѓачот на Реал, имајќи предвид дека никако не може да ги врзе неколку меча во 2026 година.