Дома Моторспорт Taткото на Макс Верстапен доживеа несреќа на рели трка, автомобилот беше целосно уништен! (Видео)

Taткото на Макс Верстапен доживеа несреќа на рели трка, автомобилот беше целосно уништен! (Видео)

Таткото на холандскиот светски четирикратен шампион во Формула 1, Макс Верстапен, преживеа сериозна сообраќајна несреќа за време на рели натпреварот во Белгија.

Јос Верстапен учествуваше на Рели Валонија, каде што во неделата наутро ја загуби контролата врз возилото и со голема брзина удри во дрво.

Автомобилот му беше значително оштетен, а снимките од местото на несреќата покажуваат дека предниот дел на возилото е целосно уништен. Иако сцените беа драматични, 54-годишниот Верстапен и неговиот сопатник излегоа неповредени.

Организаторите брзо потврдија дека екипажот е во ред, но автомобилот бил целосно неупотреблив, поради што Верстапен мораше да се повлече веднаш по првата брзинска етапа во Лоерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Леклер го посочи проблемот на Ферари: Брзината не е доволна за победа

Силниот финиш во Остин не му донесе победа на Шарл Леклер. Монегашанецот смета дека Ферари…