Дома Фудбал Лудо: Билети за Светското првенство се продаваат и по милионски износ!

Лудо: Билети за Светското првенство се продаваат и по милионски износ!

Билетите за финалето на Светското првенство, кое ќе се одржи на 19 јули на стадионот МетЛајф во Њу Џерси, на официјалната платформа на ФИФА за препродажба достигнаа износ од над 2 милиони долари за еден.

Во моментот, на оваа платформа за размена и препродажба се достапни четири седишта за финалето, со цена од импресивни 2.299.998 долари по билет.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ако некој ги откупи сите четири седишта, тоа би го чинело неверојатни 9,2 милиони долари, иако има и поевтини опции.

Во истиот сектор, но зад еден од головите, билетите се продаваат за 16.098 долари.

ФИФА не управува со цените кои продавачите ги поставуваат на страницата, но добива 15 проценти провизија и од продавачите и од купувачите за секоја трансакција.

На овој начин, организацијата може да заработи речиси 600.000 долари од продажбата на само еден билет што се продава за 2,3 милиони, затоа што нивниот проценат е веќе вкалкулиран во прикажаната цена.

Да потсетиме, во претходните светски првенства, цените во препродажбата беа ограничени на номиналната вредност на билетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпански новинар удри по Јамал: Неговата повреда не може да биде случајност!

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, стана мета на критики поради недостаток на профе…