Дома Фудбал Повредата што ја потресе цела Шпанија: Јамал се огласи со емотивна порака!

Повредата што ја потресе цела Шпанија: Јамал се огласи со емотивна порака!

Осумнаесетгодишниот фудбалер Ламин Јамал ја заврши сезоната со клупските обврски, но има големи шанси да биде дел од репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јамал проговори за повредата и сподели како моментално се чувствува. Не сокри дека е разочаран и огорчен.

Оваа повреда ме држи надвор од теренот токму во моментот кога најмногу сакав да играм и чувствувам болка која е тешко да се опише. Лошо ми е што не можам да се борам рамо до рамо со соиграчите, што не можам да помогнам кога на тимот му е најпотребно. Сепак, убеден сум дека тие ќе вложат сè од себе во секој натпревар.

И покрај тоа што нема да може да игра, крилниот напаѓач вети дека ќе продолжи да биде покрај својот тим и ќе ги поддржи.

Ќе бидам таму, макар и од страна, да ги поддржувам и навивам како еден од нив. Ова не е крај, само кратка пауза. Ќе се вратам посилен, со поголема желба од било кога, и следната сезона ќе биде подобра. Ви благодарам за пораките и Напред Барса!

Како потсетување, Јамал се повреди на натпреварот помеѓу Барселона и Селта, откако реализираше пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Играше на Светското Првенство, а сега е позитивен на кокаин

Австралискиот фудбалски репрезентативец Кристијан Волпато беше позитивен на кокаин при пре…