Дома Фудбал Чеферин за ВАР: Веќе ништо не разбирам

Чеферин за ВАР: Веќе ништо не разбирам

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УЕФА, Александер Чеферин, го искажа своето неразбирање за насоката во која се движи судењето во фудбалот, а видео технологијата ВАР сè уште предизвикува многу дискусии. “Веќе ништо не разбирам”, рече Цеферин во четвртокот, истакнувајќи го недостатокот на униформност во судиските одлуки од започнувањето со видео технологијата.

“Навивачите често не можат да ги поимат различните толкувања на правилата од натпревар на натпревар, и јас можам да ги разберам. На пример, кога е играње со рака, никој не знае што значи тоа. Дали е пенал или не, дали е намерно или случајно… Како да го знаеме тоа, нема за тоа да сме психијатри!”, рече Чеферин на конференцијата “The Forum” во Мадрид, организирана од Apollo Sports Capital, новиот главен инвеститор во Атлетико.

Најважен е судијата на теренот

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Се трудиме да им објасниме на судиите дека конечната одлука ја носи судијата кој е на теренот. ВАР треба да се вклучи само ако се работи за очигледна грешка. Според тоа, интервенциите треба да бидат кратки, а не како што понекогаш се случува во Ла Лига или Премиер лигата, со прекини од 10 до 15 минути за проверка на ситуацијата”, потсети тој.

Претседателот на УЕФА изрази дека најдобриот начин за избегнување на грешки е “строго почитување” на правилникот на ИФАБ, жалејќи се дека европските клубови го контактираат само за да се “жалат” и “никогаш” за да ја потврдат одлуката која е во нивна корист.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид има приоритет – враќање на овој човек!

Флорентино Перез има многу работа за да ги врати пехарите во трофејната сала на Реал Мадри…