
Во Шпанија главна вест утрово е скандалот што се случи на синоќешниот натпревар помеѓу Барселона и Селта, и тврдењата дека Каталонците имале поништен чист гол. Поради сето тоа реагираше и Феран Торес чија Инстаграм стори одекна низ целите Пиренеи.
Меѓутоа, она што го одбележа натпреварот на овие тимови го видовме на почетокот на второто полувреме.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тогаш Феран Торес одлично погоди на асистенција на Педри, но голот за 2:0 беше поништен поради наводен офсајд.
Но, настана вистински хаос кога таа ситуација беше прикажана на повторната снимка, бидејќи многумина сметаат дека Барселона имала поништен чист погодок.
Поради сето тоа се огласи токму и Феран чија сторија одекна во Шпанија со оглед на тоа што го прозва и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.
„Вау, какво око“ иронично порача Феран со фотографијата на споменатата ситуација.
