
Алехандро Грималдо би можел да ја заврши својата приказна во Леверкузен на крајот од оваа сезона, бидејќи неговиот договор завршува следната сезона и летото се чини како право време, истовремено и последна шанса, да биде продаден по разумна цена.
Леверкузен сака да заработи и свесни се дека нема да можат да го продолжат договорот со овој лев бек, а Барселона има намера да го искористи тоа.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Не се единствени, интерес покажаа Милан и Јувентус, но најреалната опција за Грималдо може да биде токму Барселона.
Каталонскиот клуб е заинтересиран за засилувања на бековските позиции, а постојат и шанси за заминување на Балде, што би ги отворило вратите за доаѓање на Грималдо.
Цена?
Барселона би можела да го ангажира за сума од околу 15 милиони евра…