Дома Фудбал Левандовски доби прашање дали ја напушта Барселона, а тој даде мистериозен одговор

Левандовски доби прашање дали ја напушта Барселона, а тој даде мистериозен одговор

Роберт Левандовски конечно прозборе за неговата иднина во Барселона, но наместо јасен одговор понуди пораки кои само дополнително ја подгреаја неизвесноста.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Искусниот напаѓач, кој има 37 години, зборувал во емисијата ‘FanZone’ на Esport3, каде отворено призна дека поминува низ тежок период по испаѓањето од УЕФА Лигата на шампиони.

Истовремено, познатиот новинар Фабрицио Романо открил дека Барселона веќе има конкретна понуда.

Се работи за продолжување на договорот на една година, но со значително намалување на платата.

Според тие информации, Левандовски моментално не е задоволен од првата понуда.

На прашањето за таа тема, тој не сакал да даде конкретен одговор.

„Дали веќе имам понуда за продолжување? Не сакам да зборувам за мојата иднина”, рече тој.

Тој додаде и дека медиумските шпекулации не влијаат на него.

„Секој ден се појавува нешто ново, но за нас тоа не е важно. Најважно е она што сакаме да го направиме оваа сезона заедно”, истакна тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве зошто Мбапе сè уште ја нема освоено Лига на шампиони

Кога се зборува за најдобрите фудбалери денес, името Килијан Мбапе речиси секогаш е на врв…