Дома Фудбал Лапорта не попушта: Барселона поднесе жалба до УЕФА!

Лапорта не попушта: Барселона поднесе жалба до УЕФА!

Барселона поднесе официјална жалба до УЕФА за судењето во четвртфиналната двојна средба на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, пренесоа денеска од каталонскиот клуб.

Во соопштението, Барселона истакнува дека во двата натпревари биле донесени „одлуки кои не биле во согласност со правилата на игра“, нагласувајќи дека проблемите произлегле од погрешна примена на прописи, како и од изостанување на адекватна реакција на ВАР системот во клучни ситуации.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барселона смета дека „акумулацијата на овие грешки директно влијаела на текот на натпреварите и конечниот исход на двомечот“, предизвикувајќи „значителна спортска и финансиска штета“ за клубот.

Во жалбата се повторуваат повеќепати упатените барања до УЕФА, но клубот исто така изразува подготвеност за соработка со европската куќа на фудбалот за да се подобри судискиот систем и да се обезбеди “построга, праведна и транспарентна примена на правилата на играта”.

Барселона беше елиминирана од Атлетико Мадрид со вкупен резултат 2:3. Иако Барселона победи 2:1 во реваншот, не успеа да го надомести минусот од 0:2 од првиот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Саудијците се пласираа на Светското првенство, па сега го отпуштија селекторот!

Два месеца пред Светското првенство, селекторот на Саудиска Арабија, Ерве Ренар, беше отпу…