Дома Фудбал Паника во Арсенал: Артета бара начин да ја крена формата на тимот пред големата битка на „Етихад“

Паника во Арсенал: Артета бара начин да ја крена формата на тимот пред големата битка на „Етихад“

Според шпанскиот спортски весник „АС“, вистинска паника настанала во редовите на Арсенал отакако предноста во борбата за титулата сега им е само шест бода.

Додека навивачите на Лондонскиот тим веќе планираа прославување на првата титула по повеќе од дваесет години, серијата на лоши резултати го врати Манчестер Сити целосно во игра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Екипата на Микел Артета неочекувано беше поразена од Борнмут, а викендов следи и нивниот меѓусебен натпревар во Премиер лигата по кој разликата може да биде и само три бода со тоа што „граѓаните“ имаат натпревар помалку со кој во таква ситуација ќе можат да се изедначат.

Статистиката силно им оди во прилог на Граѓаните, кои под водство на Гвардиола имаат неверојатни 29 победи во 32 натпревари одиграни во април.

Од друга страна, Артета се соочува со традиционално најлошиот период од сезоната, што го потврдува и наглиот пад на шансите за титула од 91 на само 56 проценти.

Одлучувачкиот момент од сезоната може да се случи уште оваа недела во големото дерби на Етихад, стадион каде Арсенал никогаш не прославил победа под водство на актуелниот тренер.

Додека на северот од Лондон се пали црвена тревога, фудбалската јавност во Англија сè погласно шпекулира за евентуалниот нов пад на Топџиите под притисокот во самиот финиш на трката.

Сите очи сега се насочени кон „финалето пред финалето“, кое директно ќе го одреди новиот или стариот владар на Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул како „проколнат“: Оваа низа на проблеми е неверојатна

Ливерпул оваа сезона има огромни проблеми со повредени фудбалери… Еден по еден, важн…