Дома Фудбал Флик: Заслуживме да продолжиме

Флик: Заслуживме да продолжиме

АТЛЕТИКО Мадрид обезбеди полуфинале во Лигата на шампионите и покрај тоа што во драматичниот реванш од четвртфиналето дома загуби од Барселона со 1:2, но севкупно се пласира со 3:2. Тренерот на Барселона, германецот Ханси Флик, го коментираше испаѓањето на неговиот тим.

“Кога ќе ги погледнете двата натпревари, заслуживме да стигнеме во полуфиналето. Но, тоа е фудбалот. Потребно е да работиме на одредени аспекти. Имавме добар став и менталитет, тимот ја даде целата енергија. Можеме да бидеме горди, игравме фантастично, дури и со играч помалку. Го разбирам разочарувањето, но мора секој ден да учиме нешто ново”, изјави Флик.

“Не сакам да го коментирам судењето бидејќи тоа е нешто што не можам да го променам. Така е како што е и мора да го прифатам тоа. Можеби би било добро да го прокоментирам судијата, но не сакам. Нашиот следен чекор е да дадеме се од себе за да ја освоиме лигата. На добар пат сме за остварување на таа цел. Лигата на шампионите останува наш голем сон. Имаме млад тим и наредната сезона ќе бидеме уште подобри”, заврши тренерот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mбапе е воодушевен од Мурињо: Не можеш да станеш Жозе, ако не си таков

Француската ѕвезда Килијан Мбапе ги сподели првите импресии од соработката со Жозе Мурињо …