Дома Моторспорт Сцена која изгледаше страшно – повеќе болиди учествуваа во карамбол во Формула 4! (Видео)

Сцена која изгледаше страшно – повеќе болиди учествуваа во карамбол во Формула 4! (Видео)

Сериозен инцидент ја одбележа трката во Формула 4 што се возеше во Валенсија, во која учествуваше и српскиот автомобилист Андреј Петровиќ.

Несреќата се случи уште на самиот старт на трката на патеката „Рикардо Тормо“, кога најпрво дојде до судир меѓу два болиди. Во хаосот што следуваше, Петровиќ не успеа да избегне контакт и налета на еден од оштетените автомобили.

Ситуацијата дополнително се искомплицира кога уште еден возач со голема брзина удри во болидот на Петровиќ. Иако сцените изгледаа драматично, добрата вест е што инцидентот помина без потешки последици за возачите.

Целиот момент може да се види на 39:03 од видеото кое следува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Лосон за неизвесната иднина: Лани бев под стрес, сега уживам во Ф1

Рејсинг Булс сè уште нема потврдено кој ќе вози следната сезона, но Лиам Лосон вели дека ш…