
Италијанскиот фудбал се соочува со криза, а Паоло Малдини се појавува како клучен кандидат за водење на реформите во сојузот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По оставката на Габриеле Гравина, фудбалската федерација на Италија сака на тоа место да дојде легендата на Милан, Паоло Малдини.
Италијанскиот фудбал поминува низ најтешкиот период, по болното елиминирање во баражот за Светско првенство од БиХ, следуваа бројни оставки.
Така, покрај претседателот на сојузот, оставки поднесоа и Џанлуиџи Буфон, како и Џенаро Гатузо на позицијата селектор.
Како водечки кандидат за водење на реформите во италијанскиот фудбал, се појави името на Паоло Малдини, што го поддржува министерот за спорт Андреа Абоди.