Дома Фудбал Косово во исчекување на историска ноќ: Фудбалерот што ќе го постигне победничкиот гол ќе добие награда за помнење

Косово во исчекување на историска ноќ: Фудбалерот што ќе го постигне победничкиот гол ќе добие награда за помнење

Косово во вторник игра најголем натпревар во својата историја. Во Приштина пристига Турција, а победникот оди на Светското првенство. Ако тоа биде домашниот тим, ги очекуваат огромни награди.

Фудбалската репрезентација на Косово предводена од германскиот стратег Франко Фода во Приштина игра финале на баражот за пласман на Светското првенство. Противник е Турција, а пред овој натпревар властите на Косово ветиле вредни награди за фудбалерите.

Самото учество на Светското првенство на репрезентацијата и носи милион евра, а оној чиј гол го „втисне“ пласманот на Мундијалот, ќе добие посебна награда – луксузен стан.

„Играчот кој ќе го постигне победничкиот гол против Турција ќе добие луксузен стан во Призрен”, пренесуваат медиумите од Косово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…