Дома Фудбал Tрајковски и Миовски се повлекле, отпадна и Атанасов за Ирска!

Tрајковски и Миовски се повлекле, отпадна и Атанасов за Ирска!

Македонската фудбалска репрезентација во вторник ја очекува гостување кај Ирска, натпревар кој нема поголема резултатска тежина, но ќе биде можност за поправка на впечатокот по поразот во Копенхаген, а за овој дуел ќе има промени во составот.

Селекторот Седлоски нема да може да смета на неколку стандардни имиња,Александар Трајковски, Бојан Миовски и Јани Атанасов ќе го пропуштат дуелот. Во меѓувреме, клубовите на Енис Барди и Исник Алими, Коњаспор и кинески Далиан, официјално побарале нивно ослободување од репрезентативните обврски, но двајцата фудбалери решиле да останат со националниот тим и ќе бидат во конкуренција за настап.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Миовски не бил задоволен од дадената минутажа и го прифатил повикот на Ренџерс да се врати на клупските обврски, Атанасов е повреден, додека селекторот Седлоски посебно ја истакна ситуацијата со Трајковски.

„Александар Трајковски не беше задоволен што не започна во првиот состав, но во овој момент сметам дека физички не е на нивото потребно за да одговори на барањата на ваков натпревар. Нашиот план беше, доколку има потреба, Трајковски да добие шанса во завршницата, но текот на натпреварот не го наложи тоа. Нема причина некој да се чувствува навреден.

Натпреварот против Ирска во Даблин ќе се одигра со почеток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија губи голем талент: Фудбалер на Реал доби покана од Мароко?

Фудбалерот на Реал Мадрид Tијагo Питарч би можел исто така да настапи за репрезентацијата …