Дома Фудбал Сопругата на Трајковски бурно реагираше: Ова што го видов ме заболе!

Сопругата на Трајковски бурно реагираше: Ова што го видов ме заболе!

Еден од најискусните македонски фудбалски репрезентативци, Александар Трајковски, на вечерашниот натпревар во Копенхаген не доби можност да го забележи својот 99-ти настап во националниот дрес.

Иако многумина очекуваа да влезе во игра, Трајковски целиот меч го мина на клупата за резерви, без да добие шанса од селекторот Гоце Седлоски. Ваквата одлука предизвика реакции, особено ако се земе предвид дека резултатот беше решен уште дваесетина минути пред крајот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Револтот не го сокри ниту неговата сопруга Александра, која преку социјалните мрежи јавно реагираше, потенцирајќи дека односот кон фудбалерот кој со години го носеше националниот дрес е неправеден и нечовечки.

„Вечерва видов нешто што ме заболе. Гледав човек кој со години се даваше себе си без резерва за националниот тим како седи на клупата и молчи. Достоинствено! Али јас не можам да молчам. Ова не е во ред, не е човечки. Ова не е правда! Не барам привилегии, само почит за трудот и за годините кои не можат да се вратат. Кога ќе престанеме да ги цениме вистинските вредности, тогаш не губиме само играч туку го губиме и образот. Човекот кој даде толку многу на репрезентацијата – вечерва не доби шанса да го запише својот 99-ти настап. Сè се чита меѓу редови“, напиша меѓу другото Александра Трајковска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конечно: Погба го постигна првиот гол за Монако! (Видео)

Пол Погба го постигна првиот погодок за Монако! Ова се случи на пријателски натпревар прот…