
Во кошаркарската ноќ на НБА, која понуди 12 натпревари, својата кандидатура за престижната награда МВП со нова извонредна изведба ја зацврсти словенечкиот талент Лука Дончиќ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со нов спектакуларен учинок, Дончиќ одигра петти натпревар во март со 40 или повеќе поени. Тој постигна 43 поени, забележа шест скока и додаде седум асистенции, водејќи ги Лос Анџелес Лејкерс (47-26) до триумф од 137:130 против најслабата екипа во лигата, Индијана Пејсерс (16-57).
Ова беше 13-та победа за Лејкерс во последните 15 натпревари, а Дончиќ во овој период бележи просек од 36.2 поени по средба. Тој е водечкиот стрелец во лигата со 33.4 поени по натпревар и го доведе својот тим до третото место на Западната конференција, зголемувајќи го оптимизмот во Лос Анџелес пред плејофот.
Најдобрите моменти на Дончиќ можете да ги погледнете тука.