Дома Фудбал Лапорта пак го „заборави“ Меси: За мене тој е најдобар во историјата!

Лапорта пак го „заборави“ Меси: За мене тој е најдобар во историјата!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изгледа го заборава Лео Меси, а неговото смело мислење предизвика многу критички реакции на социјалните мрежи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега претседателот на каталонскиот гигант за најдобар во историјата го избра Јохан Кројфт.

Неговите зборови, далеку од тоа да поминат незабележани, предизвикаа интензивни дебати меѓу навивачите на Барселона, но и пошироко.

“За мене тој е најдобриот во историјата,” изјави, директно поставувајќи го пред Пеле, Марадона, Роналдињо и Лионел Меси. Иако последниве двајца за многумина се најголемите поради нивниот огромен успех во Барселона.

Претседателот ја оправда својата одлука истакнувајќи не само талентот на Холанѓанецот, туку и неговото лидерство на теренот:

“Јохан имаше сè, а и една особина што многу реткo кој играч ја има: лидерство”.

Овие зборови брзо разгореа реакции на социјалните мрежи. Посебно поради тоа што Кројф го стави пред Меси, кој за голем број навивачи на Барселона е одбран за најдобриот играч на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трагикомедија во Кочани: Фудбалскиот клуб остана без терен – го претвориле во нива со жито!

Во кочанското село Уларци се случи вистинска трагикомедија: новиот фудбалски клуб остана б…