Дома Бокс Усик создава „нов sвер“: Паднатата легенда немаше избор (Видео)

Усик создава „нов sвер“: Паднатата легенда немаше избор (Видео)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа одлучи да започне соработка со Oлександр Уcик и украинската машина е подготвена да го врати Британецот на тронот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Oлександр Уcик е апсолутен владетел на тешката категорија во последните неколку години, но украинската машина нема уште долго да биде во светот на боксот. Најави уште три борби, кои ќе бидат исклучиво негов избор, а првата е пресметка против најдобриот кикбоксер на светот Рико Верхувен која ќе се одржи на 23 мај во Египет.

Со заминувањето на Уcик, тронот на тешката категорија ќе остане празен. Многу се кандидатите кои се подготвени да го заземат, а тука е и поранешниот шампион Ентони Џошуа.

По трагедијата во која ги изгуби тренерите и блиските пријатели, АЏ се одлучи за интересен потег. Отиде во Украина кај Уcик и започна да тренира.

Уcик сега од Џошуа прави „вистински sвер“. Порача дека е подготвен да го одведе на тронот на тешката категорија.

„Тренираме два пати на ден, постојано зборуваме. Физички е добар, психички е се’ посилен. За мене тој е се’ уште шампион. Сега само ги исправуваме грешките”, рече Уcик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Неофицијалната химна на БиХ ги воодушеви и луѓето во Би-Би-Си: Ова е многу заразно!

„Јас сум од Босна, одведи ме во Америка“, звучи насекаде низ светот, а тоа е благодарение …