Дома Фудбал Не му помогнаа евроголовите на Шкупи: Башкими со чуден пресврт славеше победа! (Видео)

Не му помогнаа евроголовите на Шкупи: Башкими со чуден пресврт славеше победа! (Видео)

Единствениот денешен натпревар од Првата лига понуди неверојатен пресврт – Башкими го победи Шкупи со 3-2 во Куманово.

Првото полувреме мина без поголеми возбудувања, мрежите мируваа, а играта беше бавна и без иницијатива.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ситуацијата се промени драстично по почетокот на второто полувреме. Чаирчани, кои сезонава ретко погодуваат, веднаш стигнаа до водство од 2-0. Првиот гол го постигна Зибери во 49-тата минута со удар од далечина, а само две минути подоцна Чајани ја зголеми предноста. Изгледаше дека Шкупи ќе доживее изненадување и првпат сезонава ќе слави победа, но тоа не се случи.

Исклучувањето на Ор кај Башкими во 72. минута не ги запре домаќините – напротив, изгледаше како да чекаа овој момент за да заиграат уште поофанзивно. Со играч помалку, Куманово постигна три погодоци. Личина го отвори серијалот на пресвртот со гол по корнер за 2-1, а веднаш потоа Ферати си постигна автогол за израмнување.

Пресвртот го комплетира Рибеиро со гол во 88. минута. Тој постигна уште еден погодок во судиското продолжение, но истиот беше поништен поради офсајд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Николов: Нема што да изгубиме во Копенхаген, притисокот е на страната на Данска

Македонската репрезентација ја започнува подготовката за првиот плеј-оф дуел против Данска…