Дома Фудбал Нема да го гледаме Нејмар на Светското првенство?

Нема да го гледаме Нејмар на Светското првенство?

По неодамнешната потврда дека Карло Анчелоти нема да смета на Нејмар (34) за претстојните пријателски натпревари, стигнаа нови, уште поразочарувачки вести за ѕвездата на Бразил. Изгледа дека неговите напори да се врати во националниот тим пред Светското првенство 2026 се во безизлезна состојба, а изворите наведуваат дека е поблиску до тоа да го пропушти натпреварувањето отколку да биде на списокот патници.

CNN Brasil, повикувајќи се на внатрешни извори од Бразилската фудбалска федерација (CBF), наведува дека Нејмар е “практично отпишан за Светското првенство”. Во извештајот се опишува дека ситуацијата со напаѓачот на Сантос е “исклучително деликатна”, првенствено поради целосното недоверение во неговата физичка кондиција по долга неактивност, но и поради зголемените тензии со раководството на сојузот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јавните изјави кои Нејмар ги даде по тоа што беше изоставен од списокот на Анчелоти не беа добро примени во сојузот. Надлежните мислат дека играчот го користи своeто огромно медиумско влијание и поддршката од фановите за вршење притисок врз тренерите.

Еден од инцидентите кои најмногу му се забележуваат на Нејмар е натпреварот меѓу Сантос и Мирасол. Селекторот Карло Анчелоти отпатува за лично да го набљудува, но Нејмар не само што не играше, туку не се појави ниту на стадионот, ниту пак се обиде да се сретне со селекторот како знак на почит или добра воља.

Мали шанси за учество на СП

Мнозинството во Бразил мисли дека сојузот направи значителни напори за да му даде последна шанса на Нејмар да се покаже во натпреварувачки амбиент. Но, чувството е дека играчот загуби чекор во трката за место во тимот што ќе патува на Светското првенство.

Иако остануваат неколку клучни натпревари пред објавата на конечниот список, CNN Brasil наведува дека шансите Нејмар да биде вклучен од страна на Карло Анчелоти се сведени на минимум според нивните извори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Панчев верува: Македонија може против Данска!

Легендарниот македонски напаѓач Дарко Панчев е оптимист пред клучниот бараж дуел со Данска…