Дома Фудбал Интернетот „гори” по титулата доделена на Мароко: Ова се најдобрите шеги! (Видео)

Интернетот „гори” по титулата доделена на Мароко: Ова се најдобрите шеги! (Видео)

Социјалните мрежи „горат“ по неочекуваното доделување на титулата африкански шампион на Мароко, два месеци по поразот во финалето од Сенегал, а дел од шегите навистина го достигнуваат својот врв.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалскиот свет вчера беше шокиран од веста дека на репрезентацијата на Сенегал è одземена титулата на Африканскиот куп на нации, иако ја освои на терен, финалето против Мароко беше регистрирано со службен резултат 3:0 за Мароканците.

Причината лежи во одлуката на Африканската фудбалска конфедерација (CAF) која ја прифати жалбата на Мароко и им додели победата затоа што Сенегалците, незадоволни со судиските одлуки, придонесоа со краткотрајно прекинување на финалето и го напуштија теренот.

Навистина, неколку контроверзни судиски одлуки ја поддржаа страната на Мароко во текот на финалниот натпревар, но Сенегалците се вратија и на теренот регуларно триумфираа.

Онлајн заедницата сега е во треска поради одлуката за Мароканците за кои се зборуваше дека се миленици на судиите и дека им се олеснува патот до титулата. Ова само го засили интересот, па погледнете некои од најдобрите шеги за сметка на Мароканците.

Што се однесува до самата титула, Сенегал ја најави својата жалба пред Спортскиот арбитражен суд во Лозана и останува да видиме како ќе одговорат. На теренот, тие сосема заслужено ја понесоа победата над Мароко во финалето, и покрај големиот број судиски грешки во нивна штета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на Гана бесен: Дали ВАР собата беше на кафе? Не добивме чист пенал! (Видео)

Гана одигра извонреден тактички натпревар против Англија и избори реми 0:0 против еден од …