
Највозрасниот возач во Формула 1 Фернандо Алонсо (44), двократен шампион во овој спорт, се пожали дека го изгубил чувството во рацете поради новиот болид на Астон Мартин. Иако беше дизајниран од Адриан Њуи, веројатно најдобриот дизајнер на болиди во Формула 1, новиот Астон Мартин не е ни блиску до она што Алонсо и Строл го очекуваа и моментално имаат потешкотии не само да управуваат со него и да освојуваат поени, туку и да го возат воопшто.
Двата болида на Астон Мартин поради тоа ја прекинаа трката во Кина, бидејќи возачите се исплашија за своето здравје, а и не беше логично да ја возат трката кога и онака имаа најслаби резултати.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
„Од 20. круг имав проблеми да воопшто чувствувам раце и стапала… Бевме еден круг заостанати, последни, па немаше смисол да продолжам”, рече Алонсо кој издржа трипати повеќе кругови од Строл, кој се повлече во боксот по 10 кругови бидејќи имаше проблеми со батеријата, што од првиот ден претставува проблем за новиот болид на Астон Мартин.
„Беше многу тешко, имаше повеќе вибрации отколку на било кој тренинг. Не можев повеќе да возам”, рече Алонсо кој дури за време на трката ги тргаше рацете од воланот, за малку да одмори, а целиот болид трепереше од Хонда моторот.
.кек пегел амат ту танган ампе нјетир лепас танган
— гусбагус F1 (@gussbagus_f1) March 15, 2026
супра станг гетер пакде алонсо pic.twitter.com/XjfQOtllHh