Дома Фудбал Шокантна одлука во Африка: Сенегал го загуби Купот на нациите, Мароко прогласен за шампион

Шокантна одлука во Африка: Сенегал го загуби Купот на нациите, Мароко прогласен за шампион

Жалбената комисија на Африканската Фудбалска Конфедерација (CAF) донесе одлука дека репрезентацијата на Сенегал го предала финалето на Африканскиот Куп на нации оваа година против Мароко. Натпреварот е официјално завршен со резултат 3:0 во корист на Мароко, кој е прогласен за шампион.

Оваа одлука е донесена по жалбата која ја поднесе мароканскиот сојуз, повикувајќи се на членови 82 и 84 од Пропозициите на Африканскиот Куп на нации. Жалбената комисија при CAF ја прифати жалбата на Мароко и ја поништи претходната одлука на Дисциплинската комисија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Утврдени се прекршувања на наведените членови од страна на сенегалската репрезентација, поради што протестот на мароканскиот сојуз беше прифатен. Согласно член 84 од Пропозициите, сенегалскиот тим беше прогласен за одговорен за предавањето на натпреварот, кој е завршен со службен резултат 3:0 за Мароко.

Да потсетиме, во финалето на Купот на нациите, одиграно на 18 јануари 2026 година, Сенегал го напушти теренот по контроверзни одлуки на судиите. Во третата минута од судиското продолжение, Сенегал постигна гол и поведе 1:0, но судијата Жан-Жак Ндала од Демократска Република Конго го поништи голот поради сомнеж за прекршок во нападот.

Само три минути подоцна, судијата повторно беше во центарот на вниманието, откако досуди пенал за домаќините по наводниот прекршок на Ел Хаџи Малик Диуф врз Диаз по корнер. Одлуката беше потврдена од ВАР, што предизвика гнев кај Сенегалците.

Селекторот Папе Тиау ги повлече играчите од теренот и изгледаше дека натпреварот нема да продолжи. Меѓутоа, по дваесетина минути пауза, играчите на Сенегал се вратија. Брахим Диаз шутираше за титулата, обидувајќи се да постигне гол со “паненка”, но Едуар Менди остана на средина и го одбрани ударот, по што натпреварот влезе во продолженија. Во продолжението, Папе Гуе постигна гол за Сенегал, за титулата, која сега им беше одземена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта откри каква ќе биде судбината на Флик на клупата на Барселона

Германскиот тренер Ханси Флик ќе остане тренер на фудбалерите на Барселона до јуни 2028 го…