Дома Фудбал Газда на фудбалски клуб од соседството си го одзеде животот (Видео)

Газда на фудбалски клуб од соседството си го одзеде животот (Видео)

Бугарскиот бизнисмен и сопственик на фудбалскиот клуб Поморје, Христо Бургазлиев (57), си го одземал животот во својот автомобил на улица Поп Георги во Бургас, потврдил окружниот обвинител Георги Чинев за локалните медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трагедијата се случила среде ден, а деталите се застрашувачки. Бургазлиев си пукал во десниот слепоочен дел со пиштол марка “Сиг Сауер”, кој го имал во легална сопственост. Интензитетот на пукањето бил толку силен што куршумот пробил стакло од автомобилот, влетал во блиска продавница за домови хемикалии и за влакно промашил работничка.

На местото на несреќата брзо се појавиле членови на семејството на настраданиот бизнисмен, како и негов телохранител. Инаку, Бургазлиев ретко се движел без обезбедување, особено кога подигал или полагал пари во банка, а местото на трагедијата се наоѓа веднаш до една од експозитурите на ДСК банката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Развојот со Диоманде го расчистува патот на Баркола кон Ливерпул

Откако вчера водечките трансферни експерти информираа дека Јан Диоманде одлучил да ја прод…