Дома Фудбал Пеп е јасен, испрати силна порака пред реваншот против Реал Мадрид!

Пеп е јасен, испрати силна порака пред реваншот против Реал Мадрид!

Играчите на Манчестер сити минатата недела претрпеа тежок пораз на гостувањето кај Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Манчестер Сити загуби со 0-3, резултат што ќе мораат да го надоместат на Етихад доколку сакаат да се пласираат во следната фаза на натпреварувањето.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Неколку дена подоцна, Сити повторно не победи во Премиер лигата, бидејќи беа запрени од Вест Хем.

„Граѓаните“ направија грешка на гостувањето во Лондон и Арсенал сега има девет поени предност.

И покрај заостанувањето од три гола, Пеп Гвардиола верува дека нивниот тим може да направи пресврт и да оди понатаму.

Испрати директна порака до својот тим во пресрет на реваншот против Реал Мадрид.

“Ако не верувате, тоа е ваш проблем. Возрасни сте, имате добри плати.”

“Доколку не верувате во Лигата на шампионите, останете дома.”

“Мораме да се обидеме, што имаме да изгубиме?”

Манчестер Сити забележа само една победа во последните четири натпревари во сите натпреварувања и очигледно се наоѓаат во тешка ситуација.

“Имаме пет или шест играчи кои се во казнениот простор и сакаат да постигнат гол.”

“Не барам од играчите да дриблаат низ седум играчи и да постигнат гол. Ни недостасуваат основните работи во казнениот простор.”

“Имаме 24 удари, а не сме способни да постигнеме два, три или четири гола. Во многу работи сме добри, но не како порано.”

“Имаме уште осум натпревари и мораме да ја завршиме сезоната најдобро што можеме. Го сакам мојот тим. Наредната сезона ќе се вратиме”, рече Пеп Гвардиола.

За викендот, Гвардиола очекува дуел против Арсенал во финалето на ЕФЛ купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ди Канио силно го критикуваше Милан: Милан е тим без карактер

Паоло Ди Канио остро го критикуваше Милан по неделниот пораз со 1:0 од Лацио во Серија А, …