Дома Фудбал Млад фудбалер ликвидирал жена, деталите се застрашувачки

Млад фудбалер ликвидирал жена, деталите се застрашувачки

Руската фудбалска сцена беше потресена од шокантна вест! 20-годишниот фудбалер Даниил Секач призна убиство на жена во Москва, а според извори од руските истражители, за делото бил наводно поттикнат од измамници.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Секач, кој во минатото играл за младинските селекции на руската фудбалска репрезентација, се соочува со обвинение за убиство и му се заканува до 15 години затвор. Во текот на сослушувањето го призна делото и изрази каење:

„Сѐ признавам и ми е жал“, рече тој.

Според службеното соопштение на истражителите, фудбалерот дошол во станот на жртвата со намера да го отвори сефот. Потоа му било наредено да ја убие сопственичката на станот. Злосторството се случило минатиот петок, кога бизнисменката била нападната со повеќе удари и убоди откако одбила да ја открие комбинацијата на сефот, пишува Марка.

Особено шокира фактот дека во станот била и 16-годишната ќерка на жртвата. Истражителите тврдат дека истите измамници претходно ја контактирале телефонски, лажно претставувајќи се како полицајци.

По убиството, според упатствата кои ги добил, Секач ги фрлил украдените пари, накит и колекционерски монети низ прозорецот, а девојката ја држел затворена до следниот ден.

Фудбалерот беше уапсен наредниот ден во хотел, кој се наоѓа околу 14 километри од местото на злосторството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Романо го потврди големиот трансфер: Тој е новиот играч на Манчестер Јунајтед!

Манчестер Јунајтед ќе има многу силен тим во следната сезона подготвен за големи успеси. Ф…