
Бруно Фернандеш повторно е херој на Манчестер Јунајтед. Иако не постигна гол, пак запиша две асистенции во победата над Астон Вила со резултат 3:1.
Бруно така стигна до својата 16-та асистенција во оваа сезона на Премиер лигата, со што го надмина рекордот што го постави Дејвид Бекам. Тој во сезоната 1999/2000 во дресот на Јунајтед запиша 15 лигашки асистенции, што до вчера беше рекорд на „Театарот на соништата“.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Бруно не ја крие возбудата за влезот во историјата на Јунајтед.
„Имам најмногу асистенции во дресот на Јунајтед во една сезона? За мене најважно е да бидеме на највисоко ниво до крајот на сезоната“, рече Бруно.
Инаку, на таа листа, Бруно е прв со 16, Бекам втор со 15, додека неговиот сонародник Нани има 14 асистенции во сезоната 2010/11.
Исто така, започна дебата околу статусот на Бруно, откако зимоска додека тука сè уште беше Рубен Аморим, наговести потенцијално разделување со клубот. Сепак, ситуацијата целосно се промени со Мајкл Керик. Бруно сега е задоволен и доколку Јунајтед обезбеди пласман во Лигата на шампионите, што изгледа и повеќе од извесно, Португалецот сака да остане и следната сезона.
Тој за Јунајтед одигра 319 натпревари, постигна 105 голови и запиша 103 асистенции и без никакви дилеми стана дел од легендите на клубот, иако има само два трофея – ФА и Лига куп.
Бруно има договор до летото 2027 година, но и опција да се активира клаузула со која соработката би се продолжила до јуни 2028.