Дома Фудбал Скандал во Турција: Соиграчите и Чурлинов го напуштија теренот поради пенал! (Видео)

Скандал во Турција: Соиграчите и Чурлинов го напуштија теренот поради пенал! (Видео)

Драматичен и контроверзен финиш имаше дуелот од турската Суперлига меѓу Кочаелиспор и Коњаспор, во кој победникот беше решен во судиското продолжение со гол од пенал што предизвика бурни реакции кај домашниот табор.

При резултат 1:1, главниот судија покажа на белата точка во корист на гостите, одлука која предизвика жесток револт кај клупата на Кочаелиспор. Тренерот на домашниот тим, Селчук Инан, демонстративно им нареди на членовите на стручниот штаб и резервните фудбалери да ја напуштат клупата и да се упатат кон соблекувалната. Судијата веднаш реагираше и му покажа црвен картон поради протестот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


И покрај големата тензија, пеналот беше изведен во четвртата минута од судиското надополнување, а Џексон Мулека сигурно реализираше од белата точка и му донесе победа на Коњаспор.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов го започна натпреварот во стартниот состав на Кочаелиспор и на теренот остана до 78. минута, кога беше повлечен од игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта бесен поради заминувањето на талент од Ла Масија

Претседателот Џоан Лапорта не го криеше разочарувањето поради заминувањето на младиот тале…