
Возачот на Мерцедес Џорџ Расел денес го освои пол-позицијата за спринт трката која ќе се вози во рамките на Големата награда на Кина, втората трка од овогодишното првенство на Формула 1.
Расел, откако беше најбрз и на слободниот тренинг, дојде до пол-позицијата за спринт со време од 1:31,520 минути.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Од втората позиција спринт трката ќе ја започне неговиот клубски колега Кими Антонели, кој беше побавен за 0,289 секунди, додека третиот беше светскиот шампион, возачот на Мекларен Ландо Норис со 0,621 секунда заостанување.
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, имаше четврто најдобро време, петти беше вториот возач на Мекларен Оскар Пјастри, додека шести беше Шарл Леклер во Ферари.
До десеттото место се најдоа и возачот на Алпин Пјер Гасли, Макс Верстапен во Ред Бул, возачот на Хас Оливер Берман и вториот возач на Ред Бул Исак Хаџар.
Спринт трката е на програмата утре од 4:00, додека квалификациите за трката се од 8:00.