Дома Фудбал Навивач на барселона пристигна на натпревар: Промаши стадион за 600 км и гледаше третолигаши

Навивач на барселона пристигна на натпревар: Промаши стадион за 600 км и гледаше третолигаши

Еден навивач на Барселона во вторник доживеа непријатно изненадување кога наместо на натпреварот од Лигата на шампиони меѓу неговиот омилен клуб и Њукасл Јунајтед пристигна на друг стадион со исто име. Наместо на натпреварот кој се играше на Сент Џејмс Парк во Њукасл, тој дојде на Стадионот Сент Џејмс Парк во Ексетер и го следеше дуелот од англиската трета лига меѓу домашните и Линколн Сити. Помеѓу овие два стадиони има речиси 600 километри.

„Еден од нашите волонтери дојде во канцеларија и ни рече дека на влезот има човек кој сака да ја гледа Барселона. Неговиот англиски не беше добар, но од она што успеале да го разберат, тој допатувал од Лондон”, изјави раководителот на канцеларијата за навивачи на Ексетер Сити Адам Спенсер.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Би рекол дека ова се случило затоа што тој во својот телефон внел Сент Џејмс Парк и само ги следел упатствата. Беше многу разочаран и малку му беше срам. Затоа му обезбедивме билет за нашиот натпревар против Линколн Сити”, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде ги врати славните европски вечери на Реал Мадрид

Со извонреден хет-трик на Федерико Валверде (20’, 27’, 42’), тимот на Реал Мадрид го пораз…