
Португалскиот играч за врска Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, јавува инсајдерот Матео Морето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Низ годините многупати се говореше за неговото можно заминување од клубот и најчесто се поврзуваше со Барселона. Беше близу да премине и во времето кога Чави Ернандес беше на клупата на Каталонците, но тоа тогаш не се случи, како ни потоа иако клубот од „Ноу Камп“ и Португалецот беа во контакт.
После речиси декада и речиси 500 натпревари во дресот на Манчестер Сити, тој како слободен играч ќе го напушти „Етихад“ и така веќе сега ќе стане некој околу кого ќе се натпреваруваат многу екипи. Сè уште е играч кој може многу да даде. Во август ќе наполни 32 години и во лига со помал интензитет од англиската дефинитивно ќе биде импозантно засилување.
Конкретно, Шпанија или Италија се најверојатните дестинации. Барселона не смее да се отпише, но во последно време се споменува и Јувентус. Нивната пречка е платата затоа што не се подготвени да понудат над 6.000.000 евра по сезона. Секако, има уште неколку опции во игра, па дури и Галатасарај.